
Аморим: Моите фудбалери со нетрпение го очекуваат полуфиналето во Лига Европа
Натпреварот Атлетик - Манчестер јунајтед ќе се игра вечер со почеток во 21 часот.
Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, е уверен дека неговите играчи се подготвени за полуфиналето од Лигата на Европа против Атлетик Билбао.
– Момците се подготвени. Сите наши фудбалери играат за своите репрезентации. Сезоната беше тешка од сите аспекти, но не ја гледам како проблем. Играчите со нетрпение го очекуваат овој натпревар и се способни за победа. Ова може да ја промени нашата динамика за денес и за следната сезона. На секој натпревар играме различно. Ќе ја погледнеме формацијата на нашите противници и ќе се прилагодиме, изјави Аморим.
Натпреварот Атлетик – Манчестер јунајтед ќе се игра вечер со почеток во 21 часот.
Во другото полуфинале се среќаваат Тотенхем – Бодо Глимт.