
Аморим: Манчестер jунајтед мора да ја покаже целата своја самодоверба
Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, зборуваше за подготовката на тимот за новата сезона.
Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, зборуваше за подготовката на тимот за новата сезона.
– Сакаме да воспоставиме врска меѓу играчите, мислам дека ни е потребно тоа. Потоа физичкиот аспект. Мора да ги исполниме барањата на Премиер лигата, главната работа е да бидеме подготвени за првиот натпревар од сезоната против Арсенал. Мора да ја покажеме целата наша самодоверба. Да почнев да работам на почетокот на оваа сезона, тоа ќе беше грешка. Затоа мислам дека сега мора да учиме од сите грешки што ги направивме во текот на овие шест месеци за да започнеме од почеток. Ќе се обидам да ги искористам сите информации што ги добив, изјави Аморим за „Manchester Evening News“.
Јунајтед ќе игра против Арсенал во првото коло од англиското првенство. Натпреварот ќе се одржи на 17 август на „Олд Трафорд“.