Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахјан во интервју за Ен-Би-Си одби да признае дека Израел стои зад нападот врз Иран извршен во петокот и додаде дека оружјето користено во тој напад „повеќе личело на детски играчки отколку на беспилотни летала“.
„Она што се случи не беше напад“, рече Амир-Абдолахиан во Њујорк, каде што присуствуваше на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Амир-Абдолахиан истакна дека Иран не планира да одговори доколку Израел не изврши значителен напад.