Здравко Чолиќ е еден од најпопуларните музичари на овие простори, а на 72 години ги полни арените и концертните сали каде и да настапува, а се чини дека е и еден од најбогатите пејачи.
Според американскиот портал celebritynetworth.com, имотот на Здравко се проценува на 20 милиони долари, а тој е опишан како поранешна југословенска поп ѕвезда.
„Го наполни стадионот Маракана, Ушче, а во 2019 година постави апсолутен рекорд со шест концерти по ред во белградска Арена, каде го слушаа 110 илјади луѓе“, пишува порталот.
Здравко живее со семејството во луксузна вила во белградската населба Кошутњак, а како што пишува порталот Istarski.hr, минатата година купил луксузен стан во Пула, кој е дел од проектот кој моментално се гради во Марина Веруда.
Луксузниот стан ќе се наоѓа во една од петте згради на ридот над пристаништето, со прекрасен поглед на заливот, Верудела, Пјешчана увала и Фратарски оток.
Цените на становите почнуваат од 5.500 евра за метар квадратен, но не се знае кој точно го одбрал Здравко, но се нудат над 100 квадрати и со големи тераси, па за некои цените достигнуваат и повеќе од половина милион евра, пренесува Showbuzz.