Разузнавачки авион на американската морнарица прелетал над Балтичкото Море во близина на местото на инцидентот со руските гасоводи Северен тек 1 и 2, само неколку часа по напукнувањата, пишува агенцијата Ројтерс.
Од првите часови по полноќ кон 26-ти септември беа објавени четири истекувања, две во данските и две во шведските територијални води, откриени на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2, со кои гасот од Русија се испорачуваше во Германија, односно на пазарот во Европа. Сеизмолошките заводи на двете земји измериле потреси со магнитуди од 2,3 и 2,1 степени по Рихтер, оценувајќи дека „веројатно одговара на експлозивен набој од неколку стотина километри тротил“.
Разузнавачки авион на американската морнарица, кој Вашингтон го опиша како рутински лет, прелетал во близина на местото на оштетувањето на Северен тек 2 во Балтичкото Море неколку часа по појавата на првото истекување на гасот, пренесува агенцијата повикувајќи се на податоците од платформа за следење на летовите.
Авионот од типот „P-8A Poseidon“ кој полетал од Исланд, бил над Северното Море, кога сеизмолозите во Шведска, Данска и Норвешка ги регистрирале потресите кои ги опишаа како последица од моќни детонации на двата гасовода. Претходно авионот направил две кружење над Полска, а потоа се упатил кон областа на чиешто дно минува гасоводот Северен тек 2 во Балтичкото Море, се додава во извештајот.
Според прецизираните податоци, авионот „P-8A Poseidon“ летал над Северното Моред во 00.03 часот по Гринич кога шведските сеизмолози регистрирале подводна детонација југоисточно од Борнхолм во Балтичкото Море. Еден час подоцна, авионот летал јужно од Борнхолм во правец на северозападна Полска. Во таа област бил околу еден час, а потоа во 02.44 часот по Гринич се упатил кон местото каде што дошло до истекувањето на гасот.
По пристигнувањето на местото на инцидентот, „P-8A Poseidon“ се приближил на 24 километри од местото на детонациите,направил еден круг и полетал кој руската балтичка енклава Калининград. Агенцијата наведува дека нема податоци за движењето на авионот во периодот од 03.39 до 06.20 часот по Гринич на 26-ти септември, а потоа е забележан околу 07.00 часот како прелетал 4 километри северно од областа на инцидентот.
Американската морнарица потврдила за агенцијата дека следениот авион им припаѓа на САД, но дека летот „не е поврзан со протекување од гасоводот“. Официјални претставници на морнарицата, исто така, истакнале дека „немаат дополнителни информации што би можеле да бидат обезбедени“.
На крајот од минатиот месец беше објавено дека од 1-ви до 3-ти септември, хеликоптер на американската воена морнарица кружел околу данскиот остров Борнхолм, каде што подоцна е воочено истекувањето од цевководите. Покрај тоа, американски летала прелетале над гасоводите на 10-ти и 19-ти септември, и ноќта од 22-ри на 23-ти септември и ноќта од 25-ти кон 26-ти септември. Во сите случаи траекториите на американските воени летала упатуваат дека станува збор за извидувачки летови или прелети над конкретниот дел од акваториумот. Во медиумите беше наведено дека патеките на хеликоптерите кои извеле ноќен прелет на 23-ти и на 26-ти септември имале „збунувачки патеки“.