Американски суд го запре отпуштањето на 250 вработени во Стејт департментот

Одлуката на Стејт департментот за отпуштање на околу 250 вработени вчера беше блокирана на суд, што претставува чекор назад за претседателот Доналд Трамп и неговиот план за масовно отпуштање на државни службеници.

Одлуката на Стејт департментот за отпуштање на околу 250 вработени вчера беше блокирана на суд, што претставува чекор назад за претседателот Доналд Трамп и неговиот план за масовно отпуштање на државни службеници.

Судијката на Окружниот суд во Сан Франциско, Сузан Илстон, рече дека синдикатите на вработените како главен аргумент во тужбата навеле дека планираните кратења на работните места не се дозволени според законот што Конгресот го усвои минатиот месец за да се запре 43-дневната блокада на федералната влада.

Отпуштањата требаше да стапат во сила денеска.

Законот оневозможува спроведување на откази пред 30 јануари, но администрацијата на Трамп во допис до агенциите тврди дека тој не се однесува на плановите за намалување на работните места кои беа најавени пред почетокот на блокадата на 1 октомври.

Ова вклучува и околу 1.300 вработени во Министерството за надворешни работи чии отпуштања беа најавени во јули. Неколку стотици од нив беа отпуштени два месеци подоцна.

Американската федерација на државни службеници и Американското здружение за надворешни работи оценија дека претседателската администрација погрешно го толкува законот, па затоа побараа од судијката привремено да ја запре одлуката за отпуштање. Сепак, судскиот спор продолжува.

Синдикатите во октомври поднесоа тужба против неколку федерални агенции поради плановите за отпуштање на вкупно четири илјади вработени за време на блокадата на владата.

Трамп зборуваше за кратење на работните места уште откако се врати во Белата куќа, како клучен елемент на реорганизацијата на американските агенции. Во меѓувреме, администрацијата ги намали планираните отпуштања откако десетици илјади вработени прифатија отпремнини или предвремено се пензионираа.