Американски сенатор и неговото семејство загинаа во авионската несреќа

Државниот сенатор од Северна Дакота – Даг Ларсен, неговата сопруга и двете мали деца загинаа кога малиот авион со кој патуваа се урна во Јута, изјави лидерот на републиканците во Сенатот – Дејвид Хог, пренесува агенцијата Танјуг, повикувајќи се на АП.

Авионот се урнал веднаш по полетувањето од аеродромот Кањонлендс, кој се наоѓа на приближно 15 милји северно од Моаб, се вели во соопштението објавено на Фејсбук од Канцеларијата на шерифот на округот Гранд.

„Сенаторот Даг Ларсен, неговата сопруга Ејми и нивните две мали деца загинаа во авионска несреќа минатата ноќ во Јута. Тие беа во посета на семејството во Скотсдејл и се враќаа дома. Застанаа да наполнат гориво во Јута“ – напиша Хог.

Истрагата за падот на авионот е во тек, а засега не се знае кој го управувал во моментот на падот.

Како член на Републиканската партија, Ларсен за првпат стана сенатор во 2020 година, јавуваат агенциите.