Американски антикорупциски десант – чистка на компромитирани политичари, судии и обвинители

Со антикриминален десант Американците се истоварија во Скопје.

Тимот за санкции го најави Вашингтон. Негова цел е да ја решава ендемската и институционална корупција, со јасно детектирани сторители и нивните јатаци во политичките кругови на власта.

Криминалот на белите јакни, како што модерно се крсти политичката мафија ја загрозува општествената и државната сигурност на луѓето и бизнисот.

Корупцијата е најголемиот предизвик со кој се соочува Македонија, мобилизира новата амбасадорка на САД, Агелер.

И владата на СДСМ и ДУИ ја продлабочува митоманијата.

Пресудите на американските судови за криминалот во Телеком, Скопје го претворија во засолниште на домашните криминални актери.

Во Македонија ниту една пријава за корупција во високите кругови не е решен, вели екс-судијата на Европскиот суд, Цаца-Николовска.

Дуизацијата на правните и општествените процеси може да му се удри од глава на Али Ахмети, како што во Трилинг рече опозиционерот Таравари.

Сомневањата се зацврстија со симптоматичниот избор на новиот обвинител за организиран криминал, Абази.

И новиот шеф на Судскиот совет, Весна Дамева нема ниту еден ден судиски стаж.

Адвокатот Тортевски со реакција – тоа е кога армиски разводник станува маршал.

Следуваа оставките во републичкиот Судски совет, Академијата за судии, отворањето на досието за полагање на правосуден испит без завршен факултет. Се деградира целата правосудна сфера.

Како и кој да ги пресече веригите на синови, снаи, сестри, сопруги меѓу обвинители, судии. адвокати, извршители.

Ветингот не е доволен.

Дали ни следува нов комплетен реизбор со меѓународен мониторинг од САД и ЕУ.

Доволно провокација за темите и соговорниците во ова издание на Трилинг.