
Американски амбасадор во НАТО: Европа треба да заземе „поагресивен“ пристап кон Москва
Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, денеска изјави дека европските сојузници треба да заземат „поагресивен“ пристап кон Москва и да ги продолжат плановите за користење на имобилизираниот руски имот за финансирање на воените напори на Украина.
Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, денеска изјави дека европските сојузници треба да заземат „поагресивен“ пристап кон Москва и да ги продолжат плановите за користење на имобилизираниот руски имот за финансирање на воените напори на Украина.
Тој додаде дека тој потег би бил „значаен чекор“ во зајакнувањето на финансирањето на Киев „за неколку години“, економски и воено.
– Но, мислам дека тоа исто така би укажало на нов чекор – поагресивна Европа. Време е да дејствуваат смело, рече Витакер во интервју за телевизијата Блумберг во Берлин.
Витакер ги пофали европските членки на НАТО за исполнувањето на ветувањата дека ќе трошат повеќе за одбрана, велејќи дека е „генерално многу задоволен“ од реакцијата на притисокот од САД.
– Некои сојузници се во подобра економска позиција од другите во однос на блиската иднина. Но, мислам дека долгорочно постои значајна посветеност, рече Витакер.
Коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој Русија ја нарече „тигар од хартија“, што предизвика бурна реакција во Москва, Витакер рече дека руската војска „не е нужно толку силна“.
– Европа наместо тоа треба да биде подготвена бидејќи Кремљ е невнимателен – тие се непредвидливи и можат да направат потег на територијата на НАТО, рече Витакер.
На прашањето дали брзото вооружување на Германија ризикува создавање нерамнотежа во Европа, Витакер го пофали Берлин како „примерен сојузник“ и „поинаква Германија“, но рече дека „исто така треба да има изедначување во рамките на Европа“.
Во врска со обвинувањата на сметка на Киев, откако агенциите за борба против корупцијата открија корупција во енергетскиот сектор, Витакер рече дека Зеленски и властите во Украина усвоиле „вистински тон“.
– На крајот мислам дека сè ќе заврши добро, но ни треба да бидат на пат кон тоа да бидат повеќе како Западот и нетолерантни кон корупцијата, рече Витакер.