Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе воведе царини од 25 отсто на увозот на челик и алуминиум почнувајќи од 12 март, и покрај предупредувањата од Европа и Кина.
„Утврдив дека увозот на челични производи од овие земји се заканува да ја наруши националната безбедност и решив дека е неопходно да се прекинат овие аранжмани од 12 март 2025 година“, рече Трамп во извршната наредба.
Тој издаде посебна наредба за увоз на алуминиум.