Американските и британските лидери се согласни дека вештачката интелигенција носи голем напредок на човештвото, но носи и високи ризици и ги повикуваат сите земји да работат заедно за поставување на безбедносни огради.
Американскиот претседател Џозеф Бајден по средбата во Вашингтон изјави дека вештачката интелигенција е ризична, со што се согласи и британскиот премиер Риши Сунак.
Јасно е дека вештачката интелигенција ќе донесе неверојатни придобивки за општеството и економијата, но и дека „претставува многу реални ризици“ и дека лидерите мора да постават „заштитни мерки“, рече Сунак на заедничката прес-конференција.
Тој додава дека тој и Бајден се согласуваат дека сакаат да разговараат со други земји за тоа какви треба да бидат тие огради и дека има голем број мерки што тие можат да ги спроведат.
Сунак ја спореди вештачката интелигенција со климатските промени „кога лидерите на земјите ќе се соберат да сфатат како да се справат со тоа“ и додаде:
„Треба да го донесеме истиот дух на итност и да го доведеме до предизвиците што ги носи вештачката интелигенција“.
„Темпото на технолошките промени е побрзо отколку што очекуваа луѓето“, вели Сунак.
Обединетото Кралство ќе биде домаќин на меѓународен самит подоцна оваа година на кој лидерите на земјите ќе разговараат за засилување на напорите за управување и заштита од вештачка интелигенција.
Сунак рече и дека сојузот меѓу Велика Британија и САД е силен и дека двата народи споделуваат исти верувања.
Кога сме заедно, светот е побезбедно и далеку попросперитетно место, вели Сунак.
Бајден се надоврза, велејќи дека Америка „нема поблиска земја од Велика Британија“.
„Уверен сум дека САД и Велика Британија ќе продолжат да го водат светот кон поголем мир и просперитет“, рече Бајден.
Американскиот претседател го опиша британскиот секретар за одбрана Бен Валас како „високо квалификуван“ како кандидат за генерален секретар на НАТО.
Но, тој вели дека ќе треба да се постигне консензус меѓу членовите на воената алијанса пред именувањето.
На прашањето дали тоа треба да биде Валас, тој одговори: „Можеби“.
Американскиот претседател и британскиот премиер разговараа и за Украина, која 15 месеци е во војна со Русија, и се согласија дека нивната поддршка за Киев останува непоколеблива.
Рускиот претседател Владимир Путин мисли дека може да не измори, но тоа нема да се случи. Ние стоиме покрај Украина, вели Бајден.
Тој верува дека САД ќе имаат финансиски средства да ја поддржат Украина се додека е потребно.