
Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епстин
Американскиот конгрес денеска ја усвои одлуката за наредбата на Министерството за правда јавно да се објават сите истражни досиеја за починатиот сексуален предатор Џефри Епстин.
Американскиот конгрес денеска ја усвои одлуката за наредбата на Министерството за правда јавно да се објават сите истражни досиеја за починатиот сексуален предатор Џефри Епстин.
Дури 427 пратеници гласаа „за“ усвојување на наредбата, а „против“ беше само републиканецот Клеј Хигинс од Лујзијана.
Сега за наредбата ќе се гласа во Сенатот и ако биде изгласана тогаш треба да биде потпишана од претседателот Доналд Трамп, кој претходно најави дека ќе ја потпише. Тој има овластување да му наложи на Министерството за правда да објави документи без гласање, но не навести дека планира да го направи тоа.
Американските демократи во Претставничкиот дом минатата недела објавија над 20.000 документи од архивата на Епстин, кој во 2019 година во притвор изврши самоубиство, откако беше уапсен за сексуални злосторства. Додека неговата поранешна девојка Максвел отслужува 20-годишна казна за сексуална трговија со деца.