Американец убил тројца и ранил петмина полицајци во Кентаки

Американецот Ланк Сторз (49) убил тројца и ранил петмина ранети во американката сојузна држава Кентаки кога се обиделе да го приведат, соопштува тамошната полиција. Тој по повеќечасовни препукувања со полицијата бил уапсен во својот дом во Ален, округот Флојд.

Полицајците дошле во домот на Сторз поради пријава за семејно насилство, по што тој испукал неколку куршуми кон нив. Притоа биле убиени тројца полициски службеници и едно полициско куче. Во текот на престрелката биле ранети уште петмина полицајци, но нивниот идентитет и степенот на повредите засега не се објавуваат.

Сторз се предал по преговорите, во кои биле вклучени и членови на неговото семејство.

Сторз е во притвор, се изјаснил невин и се наоѓа под кауција од 10 милиони долари.

Повторно пред судија ќе биде изведен на 11 јули.