Американец (20-годишен) е во кома откако се здобил со 20.000 убоди од „пчели убијци“, информираше неговото семејство.
Извесен Остин Белами е на респиратор и во индуцирана кома во болница во Синсинати, Охајо. Тој, според информациите, несакајќи исекол кошница од пчели убијци, нарекувани и африкански пчели, кои се доста агресивни.
Пчелите ги нападнале и неговите баба и вујко, кои биле во близина, па тие не можеле да му помогнат.
Момчето голтнало 30-тина пчели. Инцидентот се случил во петокот наутро, а медицински лица ги ваделе пчелите до неделата.
Здравствените работници се надеваат дека момчето целосно ќе закрепне.