Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир, денес присуствуваше на редовниот утрински брифинг со националните и меѓународните воздухопловни екипи каде се информираше за активностите за гаснење на пожарите.
Сите локални и меѓународни сили, како на земја така и од воздух, во согласност со оптималните услови на опремата и состојбата на теренот, се борат храбро и одлучно за да ги изгаснат пожарите кои се проширија низ државата.
Амбасадорот Гир и директорот на ЦУК Ангелов од посадите на хеликоптерите и авионите пристигнати преку Механизмот на ЕУ за цивилна заштита беа запознаени со перформансите и учинокот и имаа можност да ги видат леталата пред да започнат со нивните цели предвидени за денеска.
Директорот Ангелов се заблагодари на Амбасадорот Гир за поддршката од ЕУ Механизмот за цивилна заштита и неговото лично присуство и поддршка на здружените напори на националните и меѓународните сили за одбрана од разбеснетата огнена стихија.