„Вчерашниот предлог на Франција до Бугарија и Р.С. Македонија за решавање на спорот е идентичен со првичниот што беше изгласан во бугарскиот парламент“.
Ова го изјави француската амбасадорка во Бугарија – Флоренс Робин.
„Предлогот не се разликува од првиот и целосно ги штити правата на малцинствата во заедницата, вклучително и Бугарите. Документот е идентичен со првиот, веќе изгласан во бугарскиот парламент и не треба ново разгледување во нашата земја“ – изјави таа за „Еуроњуз“.
Робин нагласи дека „Париз не изврши притисок врз Бугарија во спорот“.
„Документот се одржува во духот на претходниот договор, кој бугарскиот парламент веќе го изгласа и нема потреба повторно да се разгледува. Ова е компромисен предлог. Не го ревидира, туку го рафинира (пречисти, обработи) претходниот документ. Воспоставивме рамка за добрососедство во односите меѓу двете земји и тоа ја потврдува посветеноста на Македонија во заштитата на правата на малцинствата во заедницата“ – рече Флоренс Робин.
Таа се прашува зошто Скопје тврди дека таканаречената втора верзија на францускиот предлог е подобра од првата, пишува „БГНЕС“.