Амбасадорката Агелер на средба кај претседателот Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер.

Како што информираат од кабинетот на Пендаровски, на средбата се разговарало за политичките случувања во земјата по формирањето на преодната Влада и во пресрет на изборниот процес, како и за севкупниот развој на билатералните односи меѓу двете држави.

Пендаровски на средбата истакнал дека Северна Македонија во континуитет посветува посебно внимание на развојот на пријателските односи и билатералната соработка со САД, при што беше истакнато дека тековниот Стратешки дијалог е можност за конкретизирање на нашата соработка во сите сфери од заемен интерес.

Претседателот Пендаровски ја истакнал важноста на американската поддршка за продолжување и интензивирање на реформскиот процес во контекст на реализација на европските аспирации на државата.