Амбасадорите пред да одат во мисија, да бидат „сослушани“ пред пратениците
Едното автентично толкување се однесува на тоа дека „сослушувањето“ на амбасадорите во Собранието е задолжително, а не протоколарно. Другото се однесува на постапката за отповикување на амбасадорите, според кое таква иницијатива може да покрене и Владата, на барање на министерот за надворешни работи.
Пратениците денеска ги изгласаа двете автентични толкувања од Законот за надворешни работи со кои се отвара можноста да бидат отповикани амбасадорите кои пред да бидат пратени во мисија, не се сослушани пред собраниската Комисија за надворешни работи.
Овие две автентични толкувања се однесуваат на два члена од Законот за надворешни работи, кои пред да бидат изгласани на денешната пленарна седница, на 2 декември се усвоени на Законодавно-правната комисија.
Едното автентично толкување се однесува на тое дека „сослушувањето“ на амбасадорите во Собранието е задолжително, а не протоколарно. Другото се однесува на постапката за отповикување на амбасадорите, според кое таква иницијатива може да покрене и Владата, на барање на министерот за надворешни работи.
Пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски смета дека со автентичното толкување на член 45 став 4 од Законот за надвореешни работи се сака на „мала врата“ да се создаде услов за разрешување на амбасадори.
„Автентичното толкување не може да служи за измени на законските решенија. Во членот 45 е децидно наведено кои се основите за отповикување на кој било амбасадор. Ако тие основи се исполнат, тогаш се отповикува амбасадорот. Според Уставот, во член 84 е предвидено претседателот на државата, покрај другите надлежности, да ги поставува и отповикува со указ амбасадорите во странство. И ставот 3 во член 45 е многу јасен, дека претседателот ќе го отповика амбасадорот ако се исполни еден од трите услови, а иницијатива за отповикување може да покрене и Владата. Сега, со ова, ние велиме, не мора да се исполни ниту еден од условите, а Владата или министрите може да предложат промена на кој било амбасадор. Навлегуваме во рушење на тој поредок и создаваме правна несигурност“, рече тој.
Предлагач на двете автентични толкувања е пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, кој денеска рече дека со овие толкувања не се бара ништо плус, туку се допрцизираат челнови и ставови.
„Ова подразбира дека покрај претходните услови за отповикување на амбасадорите од претседателот, иницијатива може да покрене и Владата на барање на министерот за надвореешни работи. Претходните години имаше диреектно прекртшување на Законот, без да помине филтерот во Собрание. Се срамиме какви луѓе праќавте во светот да ја претставуваат државата“, вели Стојановски.
Инаку, од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија преед десетина дена изјавија дека ги доставиле до Владата предлог-измените на Законот за надворешни работи со кои се предвидува да се зголеми процентот на именуваните амбасадори од редот на професионалните дипломати на МНР и наместо една третина како досега, ќе изнесува најмалку една половина.
Со измените се предвидува и мандатот на дипломатите да биде до четири години, наместо досегашните три години, што од министерството велат дека се практикува во повеќето европски дипломатии.
Извор: 360Степени