
Алтернатива реагираше во врска со Фејсбук објавата на претседателот Стево Пендаровски кој побара истрага и санкционирање на организаторите на настаните во Скопје и Тетово каде беше пречекан премиерот на Косово, Албин Курти, при што во Тетово беше забележано и знамето „Голема Албанија“ од страна на публиката, а во Чаир една улица беше преименувана „Адем Демачи“. Портпаролот на оваа партија, Орган Муртезани, рече дека Пендаровски, плашејќи се дека Ковачевски и Апасиев го заземаат целосно местото на албанофобијата, конечно и тој излезе на сцена да побара правна одговорност.
Промената на имињата на улиците ја загрижува и ВМРО-ДПМНЕ. Тие обвинуваат дека Владата на Заев ја започна постапката, а потоа со гласањето на Ковачевски, и по предлог на Шилегов во 2021, „Втора македонска ударна бригада“ го доби името „Адем Демачи“.
Инаку, претседателот, Стево Пендаровски, вчера преку објава на Фејсбук побара истрага и санкционирање на организаторите на настаните во Чаир и Тетово, каде што беше пречекан премиерот на Косово, Албин Курти, бидејќи според него законите за употреба на знамиња беа прекршени и знамето на Северна Македонија беше игнорирано. Во врска со оваа реакција, првиот човек на Тетово, Билал Касами вчера изјави дека власта веќе го чувствува стравот од здружената албанска опозиција. Од друга страна, градоначалникот на Чаир ниту денеска не реагираше, иако ТВ21 повторно побара став.
За овој случај реагираше и поранешниот претседател на Албанија, Сали Бериша. Тој на Фејсбук објави дека го погодилa изјавата на претседателот Пендаровски за именување на улица во Чаир со името Адем Демачи. Според Бериша, реакцијата на Пендаровски е избрзана за секој слободољубив граѓанин од регионот. Бериша пишува дека Демачи со својот епски 28-годишен престој во затворите и логорите на комунистичка, Титова Југославија е вистинска трибина на слободата не само за Албанците, туку и за Македонците, Црногорците, Хрватите, Србите, Босанците и Словенците и сите слободољубиви граѓани на сите народи кои го доживеаја бруталното газење на тоталитарните комунистички режими.