
Информацијата дека Министерството за здравство ја откажал набавката за Клиничката болница во Тетово, што значи дека до оваа болница да не стигне опрема вредна 22 милиони денари, е најлошата информација што можела да ја добие оваа здравствена установа по пожарот од 2021 година.
Извонреден успех беше што поранешниот министер за здравство, Беким Сали, успеа на Клиничката болница во Тетово да ù обезбеди опрема каква што таа немала досега во својата историја. Така, и со веќе одложената набавка, беше предвидено во болницата да пристигне лапароскоп за хируршките интервенции, 2 плазма коагулатори, гастроскоп и колоноскоп. Станува збор за неопходна опрема за давање квалитетни здравствени услуги за хируршките интервенции и дијагностицирање на рак на желудникот, тенкото црево и дебелото црево. Сега, по ова откажување, нормалното функционирање на операционите сали и ендоскопскиот дел за дијагностицирање на малигните заболувања е навистина невозможно.
За АлтернАтивА, која доскоро раководеше со Министерството за здравство, но и за граѓаните од Полошкиот регион, ова е голема штета за Клиничката болница во Тетово. По министерот Беким Сали, кој имаше толкав фокус за здравството на овој регион, оваа одлука на новиот министер за здравство остава голема неизвесност и создава конфузија кому му служи овој министер и зошто првата одлука што ја донесе е штетата на Клиничката болница во Тетово.