Aктуелниот министер за локална самоуправа Горан Милевски денеска се очекува да ја поднесе својата оставка на министерската позиција. Оставката на Милевски се поврзува со владина мини реконструкција во која би заминале уште неколку министри.
Се споменуваа двајца министри на Алтернатива, Беким Сали за здравство и Адмирим Алити за информатичко општество.
Првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши за Сител рече дека не се точни овие информации.
Од неговата партија додаваат дека сега за сега Владата функционира нормално и нема причина за реконструкција.
„Нашите министри Беким Сали и Адмирим Алити се меѓу најуспешните не само од Алтернатива туку и во целата Влада. Затоа не гледаме никаква причина за отворање на вакви теми“ – велат од Алтернатива.