
Ја поздравуваме реакцијата на Груби. Нема поголема услуга од овој доказ и потврда дека ДУИ се невидени лицемери и подобни Албанци за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата Алтернатива.
„Кога претставниците на ДУИ се перчат со УЧК, споменици, знамиња…тогаш тоа е нормално, уставно и законски за институциите. Критиките за наводниот наратив за „Голема Албанија” е одраз на стравот на ДУИ од изборен пораз, кој неминовно следи. Обединувањето на Албанците во културолошка и духовна, а не во територијална димензија, е сржта и фундаментот на самата ЕУ“ стои во партиското соопштение.
Велат „никој да нема дилема дека обединетата албанска опозиција е директен чинител за остварување полноправното членство во ЕУ. За разлика од некој други ние никогаш нема да ги злоупотребуваме ЕУ и стратешкото сојузништво со САД за коруптивни зделки и лична корист“.