Во продолжение го пренесуваме ставот на Алтернатива по оставката на министрите од ДУИ:
Лицемерието на Ахмети, Груби и фамилиите покажува неколку работи. Прво, владиното мнозинство е многу далеку од 2/3 мнозинство за контролирани Уставни измени. Второ, Ахмети, Груби и фамилиите потврдија дека се во паника од тоа што следи. Трето, по веќе видено ПР сценарио како “Pse jo” со лажен хероизам повторно се обидуваат да направат дефокус на јавноста од нивните коруптивни и политички дефекти. АлтернАтивА им порачува, препелкајте се во сопствената кал уште малку, после парламентарните избори, кога и да се случат, ќе се препелкате пред правосудните органи за сите неправди направени на Албанскиот народ. Часовникот отчукува!