Откако вчера пратеникот Скендер Реџепи ја напушти пратеничката група на Алтернатива, тој е недостапен за јавноста за да ги објасни причините за неговата одлука и како во иднина ќе делува во Собранието.
Од неговата матична партија побараа преку соопштение да го врати мандатот добиен во име на партијата и потенцираат дека иако партијата останува со само тројца пратеници, тоа нема да влијае ниту врз нејзиното функционирање, ниту пак ќе се загрози владејачкото мнозинството кое брои 63 пратеници.
Од партијата на Гаши посочуваат дека индикативно е дека повлекувањето на Реџепи доаѓа во време кога македонската опозиција организира протест за напад на парламентарното мнозинство.