Алсат: „Огнената група’ не ја исклучува можноста да стане фракција во ДУИ!“

Членовите на ‘Огнената група“ на незадоволници во ДУИ најавија дека не ја исклучуваат можноста да прераснат во фракција внатре во нивната партија.“ – ова го објави ТВ Алсат во својата информација со наслов „Огнена група’: „Не исклучуваме фракционерство.

ТВ Алсат пишува: „На консултативна средба во седиштето на ДУИ биле повикани Изет Меџити, Блерим Беџети, Муса Џафери и други членови на членови на ‘Огнената група’. Консултативни средби имало и во овие изминати денови, откако лидерот Али Ахмети конечно прифати да бидат конституирани органите на партијата. Најновите неколкучасовни разговори не исфрлија на површина ништо ветувачко и ‘Огнената група’ не ја исклучува можноста за фракционерство.“

„Во последната емисија на ТВ Алсат претставниците на ‘Огнената група’ изнесоа дека имаат ‘план Б’. Тие тврдат дека нивните барања имаат за цел да ја спасат ДУИ и да ја вратат расправата во партијата. Тие тврдат и дека нивните барања се стремат кон остварување на овластувањата на секој орган и поединец и кон враќање на политичкото одлучување во согласност со барањата артикулирани од органите, а не да биде во рацете на само две лица, а уште помалку кадровското одлучување, за што беше директно обвинет вицепремиерот Артан Груби.“

„Барањата, поднесени уште пред една година, активирани се во ДУИ по низа неуспеси на извршната власт, за кои не е даден отчет пред органите. Во сабота се очекува Генералниот совет на ДУИ да одлучува за составот на претседателствата, на Централното и потесното партиско претседателство, како и за давање отчет од страна на извршната власт веднаш.“