Алпинистката Илина Арсова се сели во САД: Добив стипендија за докторски студии и инструкторска позиција

Алпинистката Илина Арсова (40) се сели во САД, вели дека добила стипендија за докторски студии.

Таа на социјалните мрежи сподели дека оваа одлука не била лесна, најмногу поради семејството, но и поради нејзиниот партнер, шоуменот Игор Џамбазов (59).

„За сите пријатели и фанови праќам мал поздрав од Ноксвил, Тенеси. До сега не стигнав официјално да споделам дека добив престижна стипендија за докторски студии и инструкторска позиција на Универзитетот од Тенеси. Оваа одлука не беше лесна во поглед на љубовта и фамилијата која ми недостига во секој миг, сепак овој мој нов Монт Еверест, долго беше на листата па еве му дојде редот. Искрено им благодарам на најблиските и мојот драг Игор Џамбазов за целата поддршка во овој момент, новите почетоци никогаш не се лесни. Знаењето е нашето најголемо богатство, па никогаш не престанувајте да учите“ вели Арсова.

Таа не сподели детали за тоа колку долго ќе остане во САД.