Алкараз: Сакам годината да ја завршам како прв светски рекет

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ги кажа своите цели за до крајот на сезоната.

Оваа недела Шпанецот ќе настапи во Синсинати, каде лани стигна до финалето.

– Се разбира, секогаш се стремам кон првото место. Трката за АТП шампионатот е важна за мене. Сум фокусиран да играм одличен тенис на секој турнир, да добивам добри резултати и да победувам. А да ја завршам сезоната прво сега е една од моите главни цели. Затоа, навистина сакам да го постигнам тоа, изјави Алкараз.

Тој зборуваше и за својот одмор по Олимпијадата.

– Ми требаше да се исклучам од тенисот неколку дена. Мило ми е што повторно ќе играм овде, среќен што се враќам. Секако, има одлични спомени од минатата година. Стигнав до финалето и загубив од Новак Ѓоковиќ во многу интензивен, епски натпревар. Сакам да го играм овој турнир, па со нетрпение го очекувам, потенцира Шпанецот.

Во Синсинати, Алкараз е втор носител, прв фаворит за трофејот е Јаник Синер од Италија.