
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го победи Русинот Данило Медведев во финалето на турнирот во Индијан Велс со резултат 6:3, 6:2, по само 72 минути игра.
Со овој триумф младиот тенисер се врати на врвот на АТП листата од која го симна Србинот Новак Ѓоковиќ и со тоа ја започна 21. недела на чело на караванот.
Алкараз од самиот старт беше подобриот играч на теренот, го диктираше ритамот, со својата агресивна игра редеше винери, го принудуваше ривалот на грешки.
Медведев до овој дуел беше во одлична серија на победи, ги освои Ротердам, Доха и Дубаи, но оваа вечер не личеше на себе.
За Алкараз ова е трета титула на Мастерс турнирите во кариерата, откако лани ги освои Мајами и Мадрид.