Алкалоид со рекордни консолидарни продажби и инвестиции од јануари – јуни 2023

Алкалоид информираше дека бележи рекордни консолидарни продажби од 136,7 милиони евра раст а консолидираниот извоз од 23 % и инвестиции од 15,2 милиони евра во период од јануари – јуни 2023.

Според единечниот биланс на успех продажбите достигнуваат на 6 милијарди денари што е за 19% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби пак достигнуваат 8,4 милијарди денари што е за 18% повеќе во споредба со истиот период од минатата година, информираат од Алкалоид.