Алкалоид од вториот шешир ќе го чека противникот во третото коло од ЕХФ Купот

Следниот противник Алкалоид ќе добие на утрешната ждрепка од 11:00 часот во Виена на која ќе биде сместен во вториот шешир.

Ракометарите на Алкалоид без поголеми проблеми со две сигурни победи го елиминираа тимот на Клаипеда и така го продолжија настапот во Европскиот ЕХФ Куп.

Следниот противник Алкалоид ќе добие на утрешната ждрепка од 11:00 часот во Виена на која ќе биде сместен во вториот шешир.

Првите натпревари ќе се играат на 23/24 ноември, додека реваншите се закажани за 30 ноември/1 декември.

ПРВ ШЕШИР: Ловосице (Чешка), АЕК Атина (Грција), Олимпијакос (Грција), Хаукар (Исланд), Драмен (Норвешка), Вест Виен (Австрија), Извиѓач (Босна и Херцеговина), Целје (Словенија), Јерусалем Ормож (Словенија), Партизан (Србија), Фади Винтертур (Швајцарија), Повашка Бистрица (Словачка), Бешикташ (Турција), Арендал (Норвешка), Баја Маре (Романија), Крка (Словенија).

ВТОР ШЕШИР: Мистра (Естонија),Полва Сервити (Естонија), БК-46 (Финска), Диомидис Аргус (Грција), Бриксен (Италија), Раховец (Косово), Алкалоид (Македонија), Ловќен (Црна Гора), Рунар Сандефјорд (Норвешка), Потаиса Турда (Романија), Мотор Запорожје (Украина), Кур (Азербејџан), Леотар Требиње (Босна и Херцеговина), Пореч (Хрватска), Анортозис (Кипар), Кремс (Австрија).