
Алијанса на Таравари: Меџити е кумот на коцкањето
-Новиот Закон за коцкање само го зајакна бизнисот на коцкарските олигарси. Изет Меџити е кумот на коцкањето. Со најновите измени е отстранет и единствениот аргумент што го користеа Меџити и кликата ВЛЕН. Со овие измени, повторно е можно организирање на онлајн коцкање од страна на приватни субјекти – точно како што беше порано, обвинуваат од АА.
Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари јавно го прашува првиот вицепремиер, Изет Меџити што се случи со казината и обложувалниците во Македонија – дали се затворија или, напротив, дали се зголемија уште повеќе?
-Новиот Закон за коцкање само го зајакна бизнисот на коцкарските олигарси. Изет Меџити е кумот на коцкањето. Со најновите измени е отстранет и единствениот аргумент што го користеа Меџити и кликата ВЛЕН. Со овие измени, повторно е можно организирање на онлајн коцкање од страна на приватни субјекти – точно како што беше порано, обвинуваат од АА.
Кога беше во опозиција, велат од крилото на Таравари, Меџити вети дека ќе ги затвори сите казина и обложувалници кои уништуваат илјадници албански семејства.
Денес, од владина позиција, реалноста е сосема поинаква: наместо да се изгаси овој феномен, секој ден се отвораат нови точки. Молчењето и изговорите не можат да ја сокријат вистината. Меџити беше претставен како спасител од коцкањето, но денес тој стана симбол на политички неуспех и лицемерие.
Алијансата за Албанците ја повикува владата веднаш да спроведе мерки за ограничување и контрола на коцкањето, наместо да стане дел од коцкарската мафија. Граѓаните заслужуваат влада која се грижи за семејствата, а не лидери кои ветуваат едно, а прават спротивното, стои во партиското соопштение.