Алијанса на Таравари го прашува ВЛЕН: Се откажавте ли од ЕУ?

По конфузијата околу Извештајот на Европскиот парламент за Македонија, Алијансата за Албанците на Арбен Таравари бара одговори од владините партнери, претставниците на коалицијата ВЛЕН (Вреди).

По конфузијата околу Извештајот на Европскиот парламент за Македонија, Алијансата за Албанците на Арбен Таравари бара одговори од владините партнери, претставниците на коалицијата ВЛЕН (Вреди).

„Заменик-министерката за европски прашања и заменик-шеф во преговорите со ЕУ, Викторија Трајков – политичкиот асистент на марионетскиот министер Орхан Муртезани – јасно изјави во телевизиска дебата дека:

‘За нас, преговори по секоја цена не постојат. Ако цената е Македонија, македонскиот јазик и македонскиот идентитет – ние едноставно не преговараме!’

Дали ова е ставот на Владата што ВЛЕН тивко го брани?

Дали ова е ставот што ги претставува Албанците, или само црвената линија на ВМРО-ДПМНЕ?“ прашува Алијансата во соопштение.

АА бара од ВЛЕН да се изјасни и за изјавата на Максим Димитриевски за „фашистички намери“, побара одлуките за иднината на Македонија да се носат „само во нејзините граници“ – односно надвор од влијанието на ЕУ и меѓународните партнери.

Алијансата за Албанците ги прашува лидерите на ВЛЕН: Дали се согласувате со овие изјави на вашите колеги од владата? Кој е официјалниот став на ВЛЕН за Извештајот за Северна Македонија усвоен во Европскиот парламент?

„Да ја потсетиме јавноста на некои од ветувањата на ВЛЕН: ‘Доколку уставните измени не се спроведат во првите шест месеци, ќе се повлечеме од владата’. Денес, една година подоцна, не само што нема уставни измени, туку Европа нè нарекува расадник на српскиот свет, додека ВЛЕН не само што не ја напушти власта, туку молчи, молчи и молчи.

Премиерот Мицкоски изјавува дека ‘Европа го покажа своето вистинско лице’ – опасна порака што ја оддалечува земјата од нејзините вредности и евроатлантскиот пат. Дали и вие се согласувате со овој став, претставници на ВЛЕН?“ Молчењето на ВЛЕН е признание за вклученост во проект за изолација на земјата, заробување на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ и оддалечување од процесот на евроинтеграција“, се вели во соопштението на Алијансата на Арбен Таравари.