Алијансата за Албанците поднесе пријава до комисијата за корупција против Назим Буши

Алијансата за Албанците до Државната комисија за спречување корупција поднесе пријава за сомневање за корупција против Назим Буши, заменик-министерот за внатрешни работи, соопштија од партијата.

„Пријавата е поднесена во врска со престојот на Назим Буши во луксузен хотел во Истанбул во октомври 2020 година, престој вреден десетици илјади евра но, според заменик-министерот овој износ е платен од непознати лица, што претставува подарок што е во спротивност со позитивните прописи“, соопштија од Алијансата за Албанците.