Предлог-законот за заштита од пушењето наредната недела на Влада

Министерот за здравство Азир Алиу очекува предлог-законот за заштита од пушење наредната недела да помине на Владина седница.

Министерот за здравство Азир Алиу очекува предлог-законот за заштита од пушење наредната недела да помине на Владина седница.

Одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција во Министерството за здравство, тој нагласи дека се синхронизирани со сите институции.

– Знаете дека се синхронизиравме со сите институции. Денеска доаѓам од една работна група и по пресот ќе продолжиме. Ценам дека наредната недела веќе ќе помине на седница на Влада, рече Алиу.