Алиу: Лекарите по семејна медицина да отворат повеќе ординации и во помалите места

Министерот за здравство Азир Алиу денеска одржа работна средба со претседателот на Здружението на лекари по семејна медицина, д-р Драган Ѓоргиевски и со претставници од Здружението, на која се разговараше за повеќе актуелни теми, со фокус на унапредување на електронското здравство и можностите за укинување на хартиениот картон, соопшти Министерството за здравство.

– Лекарите по семејна медицина имаат суштинско значење за превенција, рано откривање на болестите и континуирано следење на здравјето на пациентите. На денешната средба разговаравме за различните начини за стимулирање на семејните лекари за отворање нови ординации, како и за континуирана здравствена заштита во помалите населени места. Во таа насока интензивно работиме на промени на 12 закони, меѓу кои и дигитализација и надградба на националниот систем МојТермин, со цел унапредување на здравствениот систем и оптимизација на здравството во Македонија, истакна министерот Алиу.