Алиу: Дигитална трансформација, нова апликација и децентрализација на онколошките услуги

Министерот за здравство, Азир Алиу најави воведување ново софтверско решение кое ќе ја олесни комуникацијата и движењето на пациентот низ здравствениот систем.

Министерот за здравство, Азир Алиу најави воведување ново софтверско решение кое ќе ја олесни комуникацијата и движењето на пациентот низ здравствениот систем.

-Апликацијата ќе овозможи пациентот во секое време да внесе здравствени индикатори, врз основа на кои матичниот лекар или специјалист ќе може веднаш да реагира – со менување на терапијата или давање препораки за натамошно лекување. Ако системот детектира вредности надвор од нормалата, автоматски ќе алармира, истакна Алиу во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77,.

Додаде дека апликацијата е дел од севкупната стратегија за дигитализација и оптимизација на здравствениот систем, а се осврна и на усогласување на 12 закони за зголемена транспарентност и ефикасност.

Дополнително, министерот ја најави и дисперзијата на онколошките услуги надвор од Скопје, со што третманот на онколошки пациенти ќе биде достапен и во болниците во Штип, Тетово, Битола и ГОБ „8 Септември“.

-Во завршна фаза сме со протоколите. Почетно, лекувањето ќе биде асистирано преку телемедицина од Скопје, но наскоро очекуваме во овие центри да се воспостават и ЦТ симулатори, со што пациентите ќе добијат квалитетна услуга поблиску до своите домови, нагласи Алиу.