
Во секоја здравствена институција вклучително и клиниките и болниците, меѓу кои и Тетовската клиничка болница има недостиг на човечки капацитети, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу.
– Затоа интензивно ќе работиме, тоа што веќе го најавивме еднаш на прес-конференција и на креирање нови капацитети, но и на оптимизација или хоризонтална мобилност на здравствените работници со цел здравството да се доближи до граѓаните, рече Алиу, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата по повод кампањата за подигнување на свесноста за опасностите од употреба на пиротехнички средства.
Додаде дека целта е граѓаните да не одат за здравствени услуги само во Скопје.