Кривичниот суд Скопје изрече идентични казни од три години и шест месеци за Ејуп Алими и Исмет Гури по повтореното судење за предметот „Титаник 3“ кој се однесуваше на уништување на изборен материјал.
И оваа пресуда, која ја изрече судечки совет под водство на Марија Клетничка Марковска, не е правосилна, бидејќи инструментот жалба до Апелација повторно им стои на располагање на обвинетите.
Гури моментно е на позиција заменик управник во Управата за јавни приходи (УЈП), додека Алими е дрфжавен советник во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
Предметот „Титаник 3“ го отвори поранешното Специјално Јавно Обвинителство (СЈО) во кое Гури и Алими се соочија со обвинение за уништување на изборен материјал, односно менувале записници од гласање во Чаир на локалните избори во 2013 година.