Алексис Ципрас со предлог за гласање недоверба на Владата

Алексис Ципрас, лидерот на опозициската СИРИЗА во Грција доставил предлог за гласање недоверба на Владата.

Ципрас во Парламентот побарал збор, упатил остри критики и обвинувања до Владата, а особено за справувањето со снежната бура. Тој истакнал дека вонредно бара збор за да достави предлог за гласање недоверба на, како што вели – „најлошата Влада во земјата по падот на Хунтата“.

Владата на Нова демократија во Парламентот има 157 пратеници, 6 повеќе од минималната граница за парламентарно мнозинство.