Алексис Ципрас, лидерот на опозициската СИРИЗА во Грција доставил предлог за гласање недоверба на Владата.
Ципрас во Парламентот побарал збор, упатил остри критики и обвинувања до Владата, а особено за справувањето со снежната бура. Тој истакнал дека вонредно бара збор за да достави предлог за гласање недоверба на, како што вели – „најлошата Влада во земјата по падот на Хунтата“.
Владата на Нова демократија во Парламентот има 157 пратеници, 6 повеќе од минималната граница за парламентарно мнозинство.