Алексис Ципрас – лидерот на опозициска СИРИЗА во Грција соопшти дека е позитивен на Ковид-19.
Ципрас, кој во прими и бустер доза од вакцината против коронавирусот, на Твитер објави дека при превентивно молекуларно тестирање синоќа добил позитивен резултат, додека неговата партнерка Бети и двете деца се негативни.
„Засега имам благи симптоми и се надевам дека наскоро ќе бидам здрав, напиша Ципрас на Твитер.