Александар Јовановски го победи Дехари во Кичево

- Разликата во гласови е голема. Но, сосем доволно да легитимира едно градско водство. Едно ново, чесно и работливо граѓанско водство. Благодарен сум им на сите што се тука, на сите што гласаа за мене, на сите политички партии, на сите вери и националности, изјави Јовановски, нагласувајќи дека од утре почнуваат со работа.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски вечерва прогласи победа во вториот круг од локалните избори во Кичево. Тој им се заблагодари на сите за поддршката.

– Разликата во гласови е голема. Но, сосем доволно да легитимира едно градско водство. Едно ново, чесно и работливо граѓанско водство. Благодарен сум им на сите што се тука, на сите што гласаа за мене, на сите политички партии, на сите вери и националности, изјави Јовановски, нагласувајќи дека од утре почнуваат со работа.

Јовановски, според податоците на Државната изборна комисија од преброени 99,91 отсто од гласовите, освои 52,09 проценти или 14.212 гласа, наспроти неговиот противкандидат  Фатмир Дехари од Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ, кој има 44,70 отсто оли 12.194 гласа.