Директорот на Институтот за имунологија, доктор Александар Петличковски е избран за нов претседател на Комисијата за заразни болести, информираат од Министерството за здравство.
Петличковски управува со институцијата каде што се вршат тестирања, анализи и истражувања поврзани со реакцијата на антитела на оздравените, како и за соевите на коронавирусот.
Доктор Злате Мехмедовиќ ќе биде нов портпарол на Комисијата.
Досега претседател на Комисијата за заразни болести беше доктор Жарко Караџовски.
Министерот за здравство, Беким Сали на прес-конференција ги посочи имињата на новите членови на Комисијата за заразни болести:
- проф. д-р Aлександар Петличковски
- д-р Кристина Ставридис
- доц. д-р Шабан Мемети
- проф. д-р Калина Грифчева Ставрова
- проф. д-р Невзат Елези
- д-р Дугаџин Османи
- д-р Жарко Караџовски
- Д-р Иринка Сотирова Бухова
- проф. д-р Кристина Ставриќ
- д-р Милена Стевановиќ
- проф. д-р Звонко Миленовиќ
- д-р Фадиљ Цана
- научен соработник Марија Динзова
- д-р Илир Демири
- д-р Виктор Исјановски
- д-р Билјана Деспотовска Ристовска
- проф. д-р Ниќо Беќаровски
- д-р Арбен Лабуништа
- д-р Марија Дуганова
- д-р Марија Маневска
- д-р Јованка Костовска
- д-р Злате Мехмедовиќ
- д-р Златко Арсениовски
- д-р Драган Ѓорѓиевски