
Алегри по дербито со Интер: Величествена победа во спектакуларен натпревар
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, ги искажа впечатоците по синоќешното дерби со градскиот ривал Интер.
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, ги искажа впечатоците по синоќешното дерби со градскиот ривал Интер.
Милан како гостин победи со 1:0 во 12. коло од Серија А.
– Беше величествена победа и спектакуларен натпревар. Почнавме малку вкочането во првите 15 минути, но потоа се опуштивме и создадовме четири или пет шанси каде што можевме да донесеме подобри одлуки во последната третина, особено со Пулишиќ и Салемакерс кои се движеа напред. Требаше да бидеме попрецизни на крилата, а во второто полувреме, откако постигнавме гол, беше природно Интер да се обиде да се врати. Имавме неколку добри ситуации еден на еден со Леао, се браневме добро, користејќи превентивно маркирање, што беше важно против Интер, кој е смртоносен кога го пробива почетниот пресинг, изјави Алегри за „DAZN“.
Милан е втор на табелата во италијанското првенство со 25 бода по 12 натпревари, Интер се наоѓа на 4. место со 24 бодови.