Алвеш за Хрватска: Физички се многу моќни, играат за големи европски клубови

Бразил успешно ја мина осминафиналната пречка на Светското првенство.Сега ќе може да почне да се фокусира на четвртфиналето во кое силите ќе ги одмери со Хрватка.

Популарните „кариоки“ веќе имаа еден меч на овој шампионат со репрезентација од Балканот.Ветеранот Дани Алвеш ги спореди Хрватите со Србите, поточно со таа школа.
-Тежок противник, со многу добри играчи, кои играат за големи европски клубови. Нивната фудбалска школа е слична на српската, физички се моќни. Мора да се адаптираме и добро да ја испланираме играта. Ќе имаме одлиен противник. Верувам дека сме во момент кога мора да стоиме цврсто со двете нозе на земја, да продолжиме со истата скромност. Овој тим е многу силен, многу мирен. Сега отидовме малку подалеку на патот до целта. Мора да останеме смирени, имаме уште многу работа  – порача Дани Алвеш.

 

Во случај да Бразилците го оправдаат статусот на фаворити, а Аргентина слави над Холандија тогаш ќе имаме јужноамериканско Ел Класико во Катар.

-Што да се каже за Меси? Сè поминува низ него, низ неговите нозе. Тој е во брутална форма. Сè што треба да направиме е да се бориме за нашата цел. Ама прво не можеме да размислуваме за тоа. Ние сме во четвртфиналето, а не во полуфинале. Од почит кон Хрватска мора да бидеме фокусирани на тој натпревар. Од другата страна има многу квалитети и тие заслужуваат 110 проценти од нашето внимание – вели Алвеш.