Алвеш го загуби статусот на легенда во Барселона

Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш го загуби статусот на легенда на Барселона откако беше осуден за силување.

За делото Алвеш беше осуден на четири и пол години затвор, а сега го загуби статусот во својот поранешен клуб.

Поранешниот дефанзивец на Каталонците е најкорисниот играч со 43 титули. За шпанскиот тим одигра 431 натпревар и постигна 15 голови.

Дресот на Барселона го носеше двапати, од 2008 до 2016 година, како и во сезоната од 2021 до 2022 година.

Ова му даде статус на клупска легенда, поради големиот придонес што го даде. Сепак, Барселона по целиот скандал го избриша неговото име од списокот.

Алвеш делото го изврши на 30 декември, а пред неколку дена конечно му беше изречена казна.