Коментирајќи ја средбата меѓу Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел, аналитичарот Висар Џани рече дека постои недоверба меѓу страните во дијалогот, но и дека шефот на европската дипломатија Жосеп Борел и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, не веруваат на Курти и на Владата на Косово.
Џани посочи дека е важно да се избегнат грешките во односите со посредниците и да се најдат начини да се врати довербата во преговарачкиот процес.
„Борел ги користи нашите грешки. Тој веројатно има можност да биде пристрасен поради земјата од која доаѓа, кога е во прашање поставувањето на агендата или давање изјави кои му штетат на имиџот на Косово, но политиката на ЕУ не значи дека тој е против Косово. Со Лајчак и Борел, вербата во процесот е изгубена, но немаат доверба и во Владата на Косово и премиерот Курти“, изјави Џани за ТВ Дукаџини.