Албанските пензионери ќе добијат новогодишен бонус, Владата издвои 97 милиони евра

Новогодишен бонус ќе добијат околу 765.000 пензионери, поделени во две групи. Пензионерите кои имаат пензија над 20.000 лека ќе добијат бонус од 10.000, додека оние под 20.000 ќе добијат бонус од 15.000 лека

Владата на Албанија донесе одлука за доделување новогодишен бонус на пензионерите за што е определен фонд од 9,4 милијарди леки или 97 милиони евра.

Новогодишен бонус ќе добијат околу 765.000 пензионери, поделени во две групи. Пензионерите кои имаат пензија над 20.000 лека ќе добијат бонус од 10.000, додека оние под 20.000 ќе добијат бонус од 15.000 лека.

Новогодишен бонус, со идентичен износ како и овој, пензионерите добија и во декември минатата година. Додека пролетва им беше исплатен бонус во износ од 5.000 односно 10.000 лека.