Албанските иселеници за една деценија испратиле 7,7 милијарди евра, ја намалиле сиромаштијата за осум отсто

Банката проценува дека без овој извор на „пари“ сиромаштијата во Албанија би била најмалку 8% повисока од денес, достигнувајќи 28%.

Во текот на изминатата деценија, дознаките на албанските иселеници достигнале 7,7 милијарди евра, исто колку што е државниот буџет за една година.

-Најновите податоци од Централна банка на Албанија потврдуваат дека зависноста на 30% од албанските семејства останува висока, бидејќи иселениците испраќаат околу 90 милиони евра секој месец преку официјални канали, објави eurobews.al.

Во најновата студија на Централната банка се наведува дека дознаките од странство претставуваат „важен извор на семеен приход за околу една третина од семејствата“.

-Исто така, проценките покажуваат дека дознаките помагаат да се намали процентот на населението што живее под линијата на сиромаштија, што значи дека парите на емигрантите ја зголемиле економската благосостојба на албанските семејства, наведува телевизијата.

Банката проценува дека без овој извор на „пари“ сиромаштијата во Албанија би била најмалку 8% повисока од денес, достигнувајќи 28%.

Најголем прилив на дознаки има од Грција и Италија, каде што има и најголем број албански иселеници, но и од САД и Велика Британија.