
Албанскиот Уставен суд го отфли барањето на Рама и ја потврди суспензијата на Балуку од јавна функција
Осумте уставни судии се поделиле во гласањето, четворица биле „за“ а четворица против, што според правилата за работа на Уставниот суд автоматски значи дека жалбата е отфрлена. Како резултат на тоа, одлуката на Специјалното обвинителство и Специјалниот суд против корупција и организиран криминал за суспендирање на вицепремиерката Балуку од функцијата останува во сила, бидејќи Уставниот суд не ја укина.
Уставниот суд го отфрли барањето на премиерот Еди Рама во врска со случајот на вицепремиерката и министерка за инфраструктура Белинда Балуку, бидејќи не беше постигнато потребното мнозинство гласови за негово прифаќање, со што на сила останува суспензијата на Балуку од јавни функции.
Осумте уставни судии се поделиле во гласањето, четворица биле „за“ а четворица против, што според правилата за работа на Уставниот суд автоматски значи дека жалбата е отфрлена.
Како резултат на тоа, одлуката на Специјалниот суд против корупција и организиран криминал за суспендирање на вицепремиерката Балуку од функцијата останува во сила, бидејќи Уставниот суд не ја укина.
Специјалниот суд, на барање на Специјалното обвинителство, одлучи да ја суспендира Белинда Балуку од функцијата. Премиерот Еди Рама ја сметаше оваа одлука за кршење на неговите уставни овластувања и поднесе жалба до Уставниот суд, тврдејќи дека судот се вмешал во овластувањата на извршната власт, поточно, во правото на премиерот, да суспендира или разрешува членови на владата.
Инаку, Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) на 31 октомври мината година поднесе обвинение против Балуку, во рамки на истрага поврзана со тендерските постапки за тунелот Логара и дел од проектот за Големата обиколница во Тирана.
Дваесет дена подоцна судот на Балуку ѝ изрече две безбедносни мерки „суспензија од вршење на должност и функцијата“ и „забрана за напуштање на земјата“.
По поднесувањето на барањето од страна на премиерот, Уставниот суд одлучи привремено да ја врати Балуку на работа додека не се разгледа основаноста на случајот. Сепак, со сегашната одлука, жалбата е отфрлена и нејзиното суспендирање од функцијата останува во сила.